Младинците на ФК Вардар на домашен терен денес во рамките на 6.коло од Супер лигата ја пречекаа екипата на Њу Старс. На оваа средба одигравме одлично и со пет гола во мрежата на противникот дојдовме до победа, ние триумфиравме со резултат 5-2 (2-1).
Бабунски започна со овој состав: Јовчев Гоце, Јовановски Дарио, Ричков Марио, Ѓоргоски Филип, Дошев Ѓорѓи, Хасани Абдулах, Мирков Антонио, Тасевски Петре, Марковски Дамјан, Стојилевски Марко и Јусуфи Нијаз.
Вардаровите младинци ја имаа иницијативата на стартот ние први се заканивме преку Јусуфи Нијаз чиј удар заврши над голот на гостинот. Некаде околу средината на првиот дел ја имавме втората сериозна шанса за наше водство, Хасани Абдула исто така не погоди во мрежата на скопскиот ривал. До тој момент гостите немаа сериозна закана кон голот на нашиот голман Јовчев Гоце. Нашето водство дојде во 29.минута, капитенот Јовановски Дарио погоди за 1-0. За жал гостинот по само три минути ја анулираше предноста и изедначи на 1-1 о 32.минута. Сепак ние бевме решени и за само 120.секунди потоа ја вративме предноста преку Мирков Антонио. Нашиот напаѓач стрелаше за 2-1, резултат кој се покажа како конечен за првиот дел.
Во вториот дел на овој младински дуел од суперлигата бевме решени да ја браниме предноста со офанзива и по можност да ја зголемиме. Успеавме да постигнеме два гола по кој веќе беше јасно дека ќе дојдеме до три бода. Јусуфи Нијаз погоди за 3-1 (56.минута), а со неговиот втор погодок денес Мирков Антонио донесе сигурни три плус, односно стрелаше за 4-1 во 73.минута од овој дуел до 6.коло. Голема шанса за погодок имаше Ричков Марио, тој го мина својот чувар шутираше силно, но голманот на Њу Старс беше на место. До крајот видовме по еден гол во двете мрежи, најпрвин нововлезениот Андрески Лео во 76.минута ја зголеми предноста на 5-1. Гостите успеаа само да го ублажат поразот на 4.минути до крајот на регуларниот дел намалувајќи на 5-2 резултат кој се покажа како конечен.
За црвено-црните младинци во вториот дел свои настапи забележаа следните момци: Андрески Лео, Живков Славче и Трпезановски Дарко.