Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Петковски за Вардар Фанс: Среќен сум што постигнав гол, на мојот 50-ти натпревар во дресот на Вардар
Петковски за Вардар Фанс: Среќен сум што постигнав гол, на мојот 50-ти натпревар во дресот на Вардар

Петковски за Вардар Фанс: Среќен сум што постигнав гол, на мојот 50-ти натпревар во дресот на Вардар

Нашиот фудбалски шампион го доби дербито со екипата на Пелистер, во рамките на претпоследното коло од првата Македонска фудбалска лига. Иако од поодамна го решивме прашањето околу новиот шампион на Македонија, црвено-црните не пропуштаат ништо на случајноста и забележаа нов триумф, овој пат на гостувањето во Битола. Резултат на дербито беше 2:3, а Вардар имаше предност од 0:2 и по првото полувреме. Стрелец на еден од погодоците беше младинскиот репрезентативец, Петар Петковски, кој на овој натпревар прослави јубилеј, од 50-ти натпревар во црвено-црниот дрес.

-Победата против Пелистер беше добра најава за Cупер купот. Мора да го пофалам гостопримството од страна на домашната екипа, која ги обезбеди сите услови за фер и коректен натпревар, како на теренот, така и на трибините. Бевме подобрата екипа во првото полувреме и на крајот мислам дека заслужено ги освоивме бодовите. Посебно сум среќен што постигнав гол, на мојот 50-ти натпревар во дресот на Вардар. Засекогаш ќе го паметам овој погодок, кој има ќе има посебно значење во мојата кариера. Ова за мене е веќе трета првенствена титула со Вардар.

За Петковски ќе нема многу одмор, кој го очекуваат натпревари со репрезентацијата до 21 годинина, на европското првенство во Полска, како и настапи со Вардар во рамките на квалификациите за ЛШ.

-Се надевам дека ќе продолжиме со освојување на трофеи и во наредните сезони. Полека треба да се подготвуваме за тоа што не очекува во квалификациите за лигата на шампиони. Сакам да имам долго и успешно лето, како на клупски така и на репрезентативен план, изјави Петар Петковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски