Пионерите на ФК Вардар денес заминаа за Ријека каде во периодот од 27.05-02.06 ќе бидат дел од 67.издание на силниот меѓународен турнир „Кварнерска Ривијера 2019“ на кој ќе настапат силни и квалитетни екипи, чиј домаќин е клубот Ријека од Хрватска
Вардар ќе биде дел од групата А во која се уште и екипите на Поморац ( Хрватска), Железничар ( БИХ) и домашниот тим на Ријека ( Хрватска).
Во групата Б ќе се натпреваруваат екипите на Оријент ( Хрватска), селекцијата на Албанија до 17 години, потоа Венеција ( Италија) и Винодол ( Хрватска). Групата Ц ќе ја сочинуваат екипите на Осијек ( Хрватска), Дац ( Словачка), Олимпија ( Словенија) Рудар ( Хрватска) Во групата Д ќе бидат екипите на ГНК Динамо ( Хрватска), Удинезе ( Италија), Марибор ( Словенија) и Ровин ( Хрватска).
Вардарци турнирот ќе го отворат во текот на утрешниот ден, а прв противник е екипата на Ријека. Веќе следниот ден не очекува меч против екипата на Железничар, додека во среда ќе играме со Поморац. Екипата на турнирот ќе ја предводи Игор Кралевски.
Првите две пласирани екипи од сите четири групи ќе се пласираа во четврт-финалето на овој силен младински меѓународен турнир