Денес на теренот на Академијата се одигра последното 14 коло од првиот круг на натпреварување во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерите условно беа гости на денешниот меч против Шкупи, кој се одигра на теренот на Академијата. Овој натпревар заврши без голови 0:0 и со поделба на бодовите.
Двете екипи имаа свои прилики, но мрежата остана незатресена и на двата голмани и по истекот на 80-те минути.
Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Андов, Спировски, Николов, Илиевски, Ѓурковски, Манасивески, Хасановиќ, Цури, Андоновски, Астарџиев, Игнатов.
Во игра во второто полувреме влегоа уште и Џемаил Ибиши и Бојан Димоски.
После 14 одиграни кола, пионерите предводени од Сашо Тодоровски имаат пет победи, шест нерешени резултати и три порази.