Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерското градско фудбалско дерби му припадна на Вардар
Пионерското градско фудбалско дерби му припадна на Вардар

Пионерското градско фудбалско дерби му припадна на Вардар

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се вратија на победите во првенството, откако денес славеа во дербито со екипата на Работнички. Овој дуел го одигравме како гостин на теренот на Академијата. Избраниците на Петар Ѓоргиески славеа со резултат од 3:1.

Резултататот на овој натпревар го отвори Малик Хасановиќ, гол со кој му донесе водство на Вардар од 0:1. До крајот на првиот дел го зголемивме реултатот на 2:0 преку Туша Ветон и со овој резултат се замина на одмор. Во вториот дел беше досуден пенал за Работнички, кои успешно го реализираа и намалија на 1:2, за печат на добрата игра и победата со својот втор гол денес да стави Туша Ветон, за конечни 3:1.

ФК Вардар: Андов, Зендели, Николов, Андоновски, Манасиевски, Бојковски, Хасановиќ, Речица, Туша, Ристовски, Игнатов.

На клупата за резерви беа: Стојковски, Димоски, Митревски, Астарџиев, Илиевски, Ѓурковски, Цури.

Пионерите се единствената генерација, која овие два дена успеа да слави во дуелите со екипата на Работнички.