Пионерките на Вардар предводени од Анжела Платон и Александра Кузмановска вчера беа домаќини во салата “Кале“ на екипата на ЖРК Куманово. Ова беше дуел од последното, 14-то коло во пионерската лига за црвено-црните дами кои за кои оваа е прва година како се натпреваруваат во лигашки систем како тим. На овој натпревар тие беа поразени со резултат 14-16 ( 5-6).
Ние одлично влеговме во натпреварот и со два гола поведовме со 2-0, на самиот почеток од натпреварот. Противникот во продолжение успеа да врати со иста мера и го изедначи резултатот на 2-2, по овој резултат постојано на семафорот во салата “Кале“ имаше резултатска симетрија. Се играше цврсто и борбено на овој дуел, најпрвин беше 3-3, па 4-4 и во финишот влеговме со резултат 5-5. Во последниот нивни напад кумановки погодија за 5-6 и со тоа замина на пауза со минимална предност на нивното конто од еден погодок.
Вториот дел исто како и првиот ние го отвориме со погодок изедачувајќи на 6-6 со што најавивме дека ова ќе биде крајно израмнет дуел на двата пионерски колектива. Како и во поголем дел од првиот дел, и во вториот постојано едниот тим поведуваше со еден гол, а противникот изедначуваше, беше резултатот 7-7, 8-8, 9-9 и на крајот 10-10. По тој момент со два последователни гола гостинот се одлепи на 10-12, предност која ја бркавме до крајот, но неуспеавме да ја изедначиме. До последната судиска “свирка“ двата тима постигнаа по четири гола во противничката мрежа, бодовите заминаа за Куманово по победата со резултат 14-16.
Кај нас Коцевска Бојана постигна 5 гола, втор стрелец кај црвено-црните пионерки беше Мила Пешиќ со 4 погодока, Коцевса Борјана стрелаше умешно 2 пати, а по еден гол впишаа: Максимовска Наталија, Колевска Александра и Крагељ Мила.