Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар ги играат натпреварите од 1/4 финалето во националниот Куп
Пионерските екипи на ФК Вардар ги играат натпреварите од 1/4 финалето во националниот Куп

Пионерските екипи на ФК Вардар ги играат натпреварите од 1/4 финалето во националниот Куп

Претстојниве два дена, пионерските екипи на ФК Вардар ќе ги одиграат натпреварите од 1/4 финалето во Купот на Р.Македонија.

Во среда (20.04), на спортскиот комлекс во населбата Хиподром, помладите пионери на Вардар се домаќини на екипата на Шкупи, натпревар кој е закажан да стартува од 14:00 часот. Избраниците на Сашо Јанев ќе атакуваат на двојната круна, со оглед дека во првенството имаат девет бода повеќе од второпласираниот тим на Работнички, па се поизгледно е дека црвено-црните ќе ја освојат Шампионската титула. Сигурно дека ќе сакаат да ја обединат двојната круна, а првата пречка до целта ќе им биде екипата на Шкупи.

Пионерите на Вардар ќе се обидат да стигнат исто така до финалето на Купот, а за тоа да се случи ќе треба најпрво да ја елиминираат екипата на Македонија Ѓ.П. Натпреварот ќе се одигра во четврток (21.04) на стадионот во Ѓорче Петров со почеток од 14:00 часот.

Потсетување, патниците во полуфиналето ќе бидат познати после само еден одигран натпревар. Поради настапите на репрезентацијата до 18 години, 1/4 финалните натпревари во Купот за кадети и младинци се закажани за друг термин.