Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Натпревари од 1/8 финалето во Купот на Македонија ќе одиграат пионерските екипи на ФК Вардар
Натпревари од 1/8 финалето во Купот на Македонија ќе одиграат пионерските екипи на ФК Вардар

Натпревари од 1/8 финалето во Купот на Македонија ќе одиграат пионерските екипи на ФК Вардар

Пионерските екипи на ФК Вардар во среда ќе ги одиграат натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија, додека кадетите и младинците се слободни во првата елиминациска рунда.

Противник за пионерските екипи на Вардар ќе биде Милано. Патникот во следната рунда од националниот куп ќе биде познат по само еден одигран натпревар. Дуелите со екипата на Милано ќе се одиграат на теренот на Академијата, во среда со почеток од 11:00 и 13:00 часот.

Пионерските екипи на Вардар се големи фаворити за пласман во следната рунда, одлично играат на стартот од сезоната и се наоѓаат во добра форма, која треба да ја потврдат на утрешниот дуели со кумановскиот тим.