Европскиот ракометен шампион со триумф ја започна одбраната на титулата, откако славеше на отварање на сезоната против екипата на Монпелје. Најефикасен играч во нашите редови беше Стас Скубе кој постигна 7 голови. Словенецот одигра одличен меч и постигна многу важни голови во моментите кога се одлучуваше победникот. ЕХФ напрви избор на идеалниот тим во првото коло, а во него се најде и Скубе.
За да биде прогласен за играч на колото, можете да гласате за Скубе на линкот, ТУКА.