Викендов стартуваше првата рунда во новата сезона 2019/2020 во женската ракометна Супер Лига. Истата започна со 13.екипи откако ЦЕМС не успеа да обезбеди услови за натпреварување, иако беше во ждрепката. Викендов се одиграа четири дуели, два ќе се играат утре среда.
Утре ќе се одиграаат дуелите: Металург-Гевгелија и Деспина-Куманово со кои ќе биде целосно затворено ова прелиминарно коло. Во истото имаше дуел на два нови суперлигаши, тимот на Кузман на домашен терен беше совладан од ЖРК Чаир со резултат 19-35. Новиот член, ЖРК Алушевски тргна со пораз на домашен терен, Овче Поле успеа да победи со двоцифрена разлика 22-32. Најубедлива победа обезбеди тимот на Стружанка, кој на домашен терен ја совлада екипата на ЖРК Ѓорче со 38-19.
Вардар започна против Спартак во гости, Драгана Ристова имаше деби со победа како прв тренер. Тргнавме резервирано, домаќинот успеваше да парира се до 9-9. Отидовме на одмор со позитива 11-14. Во вториот дел ривалот еднаш се закани кога дојде на 15-16, потоа се беше во наши раце. Влеговме во пеколна и неверојатна серија, во одбраната одигравме одлично примивме само еден гол, во напад газевме и погодивме дури осум пати за предност од 16-24. Се потоа беше рутина, победата дојде со резултат 22-23.
2.коло 21/22.септември:
ВАРДАР-Деспина
О.Поле-Спартак
Куманово-Стружанка
Ѓорче-Кузман
Чаир-Пелистер
Металург-Алушевски
Гевгелија е слободна.