Генерациите на фудбалскиот клуб Вардар родени 2002 и 2003 година први ќе започнат со подготовки за новата натпреварувачка сезона.
Со оглед дека кон крајот на месец јули ги очекува настап на меѓународни турнири, во текот на оваа недела, нашите млади надежи на теренот на Академија ќе стартуваат со тренинзи и подготовка за турнирите.
Помладите пионери во периодот од 23-28 ќе играат во Бугарија, на турнирот „Пловдив Куп“ кој го организира екипата на Локомотив. Пионерите на Вардар, пак, ќе се натпреваруваат на меѓународниот турнир „фудбалски пријатели“ кој во периодот од 25-28.јули ќе се одржува во градот Фоча ( БиХ).