Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ВИДЕО) Чупиќ, играч на одлука, тој ги постигнуваше последните голови во двете финалиња на ЛШ
(ВИДЕО) Чупиќ, играч на одлука, тој ги постигнуваше последните голови во двете финалиња на ЛШ

(ВИДЕО) Чупиќ, играч на одлука, тој ги постигнуваше последните голови во двете финалиња на ЛШ

Три сезони во Вардар и две Европски титули за поранешниот репрезентативец на Хрватска, Иван Чупиќ. Тој е единствениот ракометар кој успеал со два различни тима, две години по ред да ја освои Лигата на Шампионите.

Иван Чупиќ е играчот кој ги постигнуваше последните голови за Вардар, во двете финалиња. Најпрво во 2017 година, во големото финале против ПСЖ, токму со голот на Чупиќ на три секунди пред крајот, за прв пат успеавме да испишеме историја и да ја покориме Европа. Интересно, Чупиќ ги постигна и последните два гола, во големото финале оваа сезона против Веспрем. Најпрво го совлада Штербик од крилната позиција, за предност од 26:23, а потоа на минута пред крајот и со удар од седум метри ги постави конечните 27:24.

Да се потсетиме на овие моменти, кои ќе останат секогаш во сеќавање на вардаровите навивачи.