Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Slider > Како поминаа на трансфер пазарот, дел од противниците на Вардар во СЕХА-лигата
Како поминаа на трансфер пазарот, дел од противниците на Вардар во СЕХА-лигата

Како поминаа на трансфер пазарот, дел од противниците на Вардар во СЕХА-лигата

Додека го чекаме комплетниот список од 12 екипи, кои во новата сезона ќе се натпреваруваат во СЕХА-лигата, да видиме како поминаа дел од противниците на Вардар во летниот период, што се однесува на играчи кои ги засилија екипите и оние кои не се веќе дел од нив.

Екипата на Нексе која изминатата сезона успеа за прв пат да обезбеди пласман на Ф4 турнирот во СЕХА, во новата сезона ќе влезе засилен за следниве играчи: Живан Пешиќ ( Адемар Леон), Иван Думенџиќ ( Дубрава),  Џанфранко Прибетиќ ( Пореч), Фран Милета од Рудан Лабин и Томислав Северец од Умаг. Затоа Нексе во новата сезона ќе биде ослабен за пикерот Марин Шипиќ кој премина во најголемиот ривал, тимот на ППД Загреб, како и за Патрик Лебан кој потпиша за Целје Пивоварна Лашко.

Промени се случија и во екипата на ППД Загреб, вицешампионот на последниот Ф4 турнир кој се одигра во Брест. Од хрватскиот шампион си заминаа: Леон Шушња ( Висла Плок), Тин Контрец ( Гумерсбах), Никола Потиќ ( Либек), Сењамин Буриќ ( Нант) и голманот Урх Кастелиќ кој ќе го брани голот на Гепинген. Тимот пак го засилија, голманот, Матеј Асанин (Лудвигшафен),  Дарко Стојниќ ( Горење Велење) и Кристијан Беќири ( Целје П.Л.)

Што се однесува до екипата на Татран Прешов, само еден играч го напушти клубот, а тоа е нивниот најдобар стрелец, се работи за десниот бек Бруно Буторац, кој беше и втор најдобар стрелец во СЕХА-лигата за изминатата сезона. Нови засилувања се Жозеф Хозман и Дејвид Михалка од ХГ Агро Тополани како и Хавиер Муноз Кабезон кој дојде од Ла Риоха.

Брест Мешков исто така претпре неколку играчи промени во својот состав. Екипата ја засилија Немања Обрадовиќ ( Висла Плок), како и Даниел Андреев кој игра на пикерската позиција. Најзвучното засилување за тимот е Вилијам Акамбре кој дојде од Целје, а од истава екипа во Брест Шешков се пресели и Јака Малус. Нови играчи се уште и Никита Вајлупа од СКА Минск и Бранко Канкарас од Истрес. Клубот од Белорусија го напуштија Петар Џорџиќ ( Бенфика), Симе Ивиќ ( Ерланген), Вид Потеко ( Целје), Павел Хорак ( Кил). Помошникот Раул Алонзо ќе го води тимот во новата сезона, на местото на Маноло Каденас.

Од тимот на Извиѓач заминаа следниве играчи: Василиј Калуѓеровиќ, Јосип Квесиќ и Јосип Чутура.