Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > НАЈАВА: Пионерските екипи на ФК Вардар утре ќе одиграат натпревари со Шкупи
НАЈАВА: Пионерските екипи на ФК Вардар утре ќе одиграат натпревари со Шкупи

НАЈАВА: Пионерските екипи на ФК Вардар утре ќе одиграат натпревари со Шкупи

Утре на фудбалскиот терен во населбата Марино, пионерските екипи на ФК Вардар ќе ги одиграат заостанатите натпревари од 17 коло во првенството. Противник ќе ни биде екипата на Шкупи. Дуелите се важни за двете генерации, кои се борат за титулата и бодовите се и повеќе од потребни.

-Помладите пионери после двете последователни победи против А.Пандев и Македонија Ѓ.П, најавија дека до крајот со сите сили ќе се борат за титулата. Пред овој натпревар, лидер на табелата во оваа генерација е екипата на Работнички со 49 бода, додека Вардар и Шкендија имаат по 45. Сепак Вардарци имаат и натпревар помалку од двете екипи и токму оној кој треба да се одигра утре од одоложеното 17 коло. Со триумф црвено-црните ќе се доближат на само еден бод негатива пред лидерот на табелата, а ќе имаат три повеќе од Шкендија. Така во последните три кола ќе се влезе во неизвесна завршница во борбата за титулата. На првиот натпревар во есенскиот дел, пом.пионери победнички заминаа од Чаир, откако со голот на Ибрахим Ариф од слободен удар триумфираа со 0:1. Квалитетот и фаворитстака улога е на наша страна, треба само да одиграме добро и трпеливо да ја градиме секоја акција. Мечот ќе започне во 10 часот.

-Натпревар на сезоната за пионерите, кои утре ќе играат против директниот конкурент за титулата, екипата на Шкупи. Бодовната разлика е само еден бод во корист на црвено-црните, па победникот од овој дуел на широко ќе си ги отвори вратите за првото место на табелата. После одигрување на овој меч, ќе останат уште три кола за одигрување, а четири бода предност ќе бидат големи за да се зачува лидерската позиција. Од тука и големата важност на овој меч за Вардарци, кои како одминува сезоната играат се подобро. На последните шест првенствени натпревари, имаат исто толку победи и се очекува оваа позитивна серија да продолжи и на утрешниот натпревар, кој ќе започне од 12 часот. Во есенскиот дел на мечот во Чаир, Вардар славеше минимално со 0:1, со погодокот на Марко Ѓорѓиевски.

Од двата дуели Вардар фанс како верна сенка на младите вардарови категории ќе ви донесе извештај веднаш по мечот, и фотогалерија од најинтересните моменти  на овие два клучни дуели на црвено-црните пионери во борба за титулите во двете категории.