Кадетите и младинците на ФК Вардар денес гостуваа на теренот „Алумина“ кај екипата на Работнички. На натпреварите од 4.коло во младинските лиги освоивме вкупно четири бодови.
Кадетите на Вардар продолжуваат со добрата серија на победи на почетокот од сезоната. Избраниците на Филип Ивановски ги освоија трите бодови на дерби натпреварот со градскиот ривал. Еден гол се покажа како одлучувачки на дуелот, истиот заврши во противничката мрежа. Во 47 минута Славче Живков донесе голема радост за Вардар, ни донесе предност од 0:1, резултат кој на крајот се покажа и како конечен во кадетското фудбалско дерби.
ФК Вардар: Јовчев, Јовановски, Давков, Ѓорѓиевски, Ѓоргоски, Трпезановски, Живков, Давидовски (K), Мирков, Тасевски и Адрески.
Во игра влегоа уште Марковски и Саит.
Дерби дуелот во младинската лига заврши без победник, по 90 минути игра натпреварот финишираше со резултат 1:1.
Двата голови паднаа во вториот дел од натпреварот. Најпрво во 55 минута екипата на Работнички преку Рејан Абази поведе со 1:0, додека на десет минути пред крајот на дуелот бод за Вардар донесе Ринор Исени. Штета што не искористивме уште некоја шанса, а ги имавме неколку добри на овој натпревар. На четири одиграни натпревари нашите младинци имаат остварено две победи и два нерешени резултати.
ФК Вардар: Стојковски, Шабани, Петејчук, Ѓурковски, Мицевски, Хасани, Гугуљанов (К), Гуџуфи, Стојчевски, Исени и Трајановски.
Во игра влегоа уште и Трајковски, Младеновиќ, Илиев и Симев.