ФК Вардар ја продолжи традицијата на триумфи во Велес кај тимот на Борец. Традиционално триумфираме секогаш кај тимот кој е доста незгоден на домашен терен. Победата дојде со резултат 0-2.
По првиот дел на мечот во Велес, Борец и Вардар одиграа без голови, иако имаше многу шанси и тоа на двете страни. Борец ја имаше доминацијата, ја имаше играта, а Вардар на моменти се закануваше. Прелчец и Пеев имаа зицер ситуации пред гостинскиот гол, но немаа среќа во реализацијата. Вардар преку Чарлстон во 34 минута, откако шутираше со глава, можеше да поведе, но Ефтимов од гол линијата го спаси голот на домашниот тим на Борец.
Вториот дел започна темпераменто, двете екипи атакуваа на противничкиот гол. Вардар се закани во 72.минута од корна, сепак не успеавме да реализираме во финишот на акцијата. Домаќинот не задоволен од резултатот веднаш по тоа направи две измени. Двата тима доста се потрошија во почетните минути од вториот дел кога атакуваа на противничките голови. Голот дојде во 80.минута, погодокот кој најави 3.бода го постигна Попзлатанов по асистенција на Најденов. Во 84.минута капитенот Мицевски имаше прилика, исолира и упати удар кој за жал заврши над гредата од голот на домаќинот. Домаќинот се закани веднаш во следната минута, Филип Илиќ во последен момент интервенираше пред Ѓорѓиев. Матеј Цветковски во 90.минута ги постави конечните 0-2 по одлична асистенција на Попзлатанов.