Утрово на терените на ФФМ, нови натпревари во рамките на детската фудбалска лига одигра генерацијата родени 2007 година. Момците на Горан Петрески забележаа една победа и нерешен резултат.
Одличен дуел пружија екипите на Вардар (1) и Албарса (1), кои на крајот ги поделија бодовите. Како да се играше финале утрово, двете екипи пружија одличен натпревар, иако Вардар имаше повеќе од играта и поконкретни шанси да го совлада противникот, кој до крајот одолеа на нашите напади. Екипата на Албарса прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Сепак Вардар тргна офанзивно, а првите обиди ги имавме преку Грашески чиј удар го одбрани голманот, како и ударот на Томовски кој заврши над голот. Мечот имаше силно темпо на игра, Албарса ги затвараше приодите кон нивниот гол, додека Вардар со сета сила се обидуваше да израмни. Тоа и ни успева во следните минути, откако Киш додаде точка топка до Младеновски, нашиот напаѓач погоди за израмнување на 1:1. Повторно се закани Томовски кој шутна покрај голот, додека обид имаше и Албарса, но одбрани Лука Јаневски. Избраниците на Чунга Лунга успеваат да направат резултатски пресврт и да поведат со 2:1, со голот на Злате Радевски, кој ја затресе мрежата за прва предност. Шанса имаше и Марко Киш, но топката оди крај голот на противникот. Албарса успева да го врати ударот и да го совлада нашиот голман, силен удар за еден од играчите на Албарса, Јаневски беше совлада за резултат 2:2. Имавме ние голема прилика да го вратиме водството, преку Стефан Младеновски, кој со освртување биеше од прва силно, топката ја допре стативата, доволно да не заврши во голот на Албарса.
Продолжи борбената игра и во второто полувреме, Вардар беше тој кој имаше повеќе од играта, се обидуваше да создаде акција, но денес Албарса одигра перфектно што се однесува до покривање на теренот, па не ни дозволи многу сериозни шанси во второто полувреме. Обиди имаа Поповски и Киш, кои останаа нереализирани, како и Грашески, чиј удар беше одбранет. Најголемата прилика за победа ја имаше Младеновски, кој бие со глава после нафрлена топка од Томовски, но за среќа на Албарса, топката оди крај голот. До крајот без големи возбудувања, натпреварот заврши со нерешени 2:2.
Вардар (2) немаше големи проблеми да го совлада тимот на Кул (2) и победи со убедливи 4:0. Уште во првата минута од дуелот имавме големи шанси, кога Филип Смиљков ја погоди пречката, а водството дојде преку Иван Блажевски кој со силен удар ја тресе мрежата на Кул, за предност од 1:0. Вардарци имаа целосна доминација на натпреварот, додека Кул беше во подредена улога. Нов обид имаше Смиљков, кој шутира над голот, додека во една иста акција противничкиот голман не успеаа да го совладаат Котевски и Рајчин. Добра прилика имаше Јорданоски, кој бие со глава покрај голот, откако нафрли Керим. Иницијативата ја крунисуваме со нов гол, до крајот на првото полувреме погоди и Мичо Поповски, за резултат 2:0 по истекот на првите 30 минути.
Нашите голмани, Исајловски и Спасовски немаа многу работа на овој меч, па и двајцата добија по едно полувреме на голот на Вардар. Во одбраната делувавме одлично, а нашиот напад се погрижи да постигне уште два гола, по еден дело на Филип Смиљков и Војо Стојановски за конечен триумф од 4:0 на овој меч од детската лига.