Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и нерешен резултат за генер. 2009 во детската лига, совладан Работнички во градското дерби
Победа и нерешен резултат за генер. 2009 во детската лига, совладан Работнички во градското дерби

Победа и нерешен резултат за генер. 2009 во детската лига, совладан Работнички во градското дерби

Генерацијата 2009 на ФК Вардар денес на терените на ФФМ одигра ново коло во рамките на детската фудбалска лига. Избраниците на Игор Кралевски остварија победа и нерешен резултат.

Утрово на теренот први излегоа екипите на Вардар (2) и Работнички, а поуспешни беа нашите млади надежи кои славеа со резултат 3:1. Вардар беше подобрата екипа на теренот и на крајот успеа заслужено да слави триумф во градското дерби. Васе Папалиски беше играчот кој успева да го отвори резултатот на 1:0, додека со голот на истиот играч имавме и предност од 2:0. Повторно се закани Папалиски, но нашиот играч биеше над голот. До крајот на првото полувреме, имавме уште една прилика. Михајловски додаде до Папалиски, сепак топата одеше пресилно, па оваа прилика остана неискористена.

1 2 3 4

Гледавме борбен меч и во второто полувреме, Работнички пружаше отпор, се обиде да изненади, но Вардар одигра добро и во овој дел од мечот. Се закани противникот прв во второто полувреме, но одбрани нашиот голман. Во шанса кај нас се најде Јаков Стојковски, но одбрани голманот на Работнички. Црвено-црните направија осетна предност, кога зголемија на 3:0, во листата на стрелци се запишува и Дарин Михајловски, откако асистираше Петровски. Немаше многу шанси во овој дел од натпреварот, сепак и Работнички постигна почесен гол кога постигнаа гол од слободен удар, за намалување на 3:1, што беше и конечен резултат на натпреварот.

На вториот меч се сретнаа екипите на Вардар (1) и Драчево Јуниор. Првиот директен удар го имаше противникот, но одбрани нашиот голман, Баснарков. Прв кај Вардар се закани Матеј Николо, но шутира крај голот, додека обид имаше и Андреј Кралевски од слободен удар, но топката оди крај голот. Иако и двете екипи се обидуваа да го отворат резултатот и по 15 минути игра немаше промена на резултатот, двете мрежи и понатаму мируваа. Опасна прилика се создаде во нашиот голмански простор, Драчево имаше прилика за погодок, но во последен момент блокира Павловски и не дозволува негатива. Последниот удар во првиот дел го имаше Стојковски, кој бие откосо над голот на Драчево. На полувреме резултатот беше 0:0.

5 6 7 8

И по 10 минути игра во второто полувреме немаше погодок. Кај Вардар од голема далечина се обиде Михајловски кој бие, за малку над голот на Драчево. Најголемата шанса да постигнеме гол ја имавме од казнен удар кој не успеавме да го реализираме. Откако противникот направи три корни беше досуден пенал, истиот го изведе Дарин Михајловски кој немаше среќа, силно ја погоди пречката од голот. На крајот мечот заврши без победник, 0:0.