Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со доминантна игра ФК Вардар ген.2007 ја совлада екипата на Албион
Со доминантна игра ФК Вардар ген.2007 ја совлада екипата на Албион

Со доминантна игра ФК Вардар ген.2007 ја совлада екипата на Албион

ФК Вардар(1) генерација родени 2007 година се сретна со тимот на ФК Албион во дуел од детската лига. Во еден интересен натпревар во кој момците на Горан Петрески-Чунга доминираа дојдовме до победа со резултат 4-0 (1-0).

4
Првиот дел беше беше доста неефикасен, ние имавме дузина прилики, а погодивме само еднаш. Најпрвин капитенот Грашески Александар одлично го пронајде Стефан Младеновски чиј удар го одбрани голманот. Потоа следеше период без прилики во наредните 10.минути. Со идентична акција како на почетокот се заканивме, Грашески го пронајде Младеновски кој овој пат беше непогрешлив и погоди за 1-0. До крајот на првиот дел за одбележување се обидите на Грашески и Златко Радевски, ривалот еднаш се закани на нашиот гол Лука Јаневски лесно одбрани поради добрата поставеност при ударот. На одмор се замина со минимално водство од еден гол на црвено-црните момци.

3
Вториот дел започна со три големи прилики за Вардар, се обидoa: Младеновски, Грашески и на крајот Мичо Поповски. Иако имавме повеќе од играта и создадовме три прилики во воведните 5.минути сеуште водевме со само еден гол. Набрзина се смени тоа, најпрвин по асистенција на Мичо Поповски втор пат стрелаше Младеновски за наше водство со 2-0. Во следната акција Злате Радевски зголеми на висок 3-0 за нас. Ривалот се закани, од гол линијата одлично исфрли денес одличниот Димитар Фидановски. Блажевски Иван со прекрасен удар зголеми на недостижни 4-0, резултат со кој се заврши овој дуел.

2

Ние имавме неколку прилики потоа, Филип Смиљков погоди во конструкцијата од голот, Грашески се обиде од слободен удар, прилика имаше и Блажевски. Ривалот се закани во две прилики, во едната топката отиде крај голот на Даниел Исајловски во втората тој одлично интервенираше.

ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ ПОГЛЕДНЕТЕ – ОВДЕ!!!