Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на ФК Вардар убедливи во Струмица, пионерите несреќно загубија два бода
Пом.пионери на ФК Вардар убедливи во Струмица, пионерите несреќно загубија два бода

Пом.пионери на ФК Вардар убедливи во Струмица, пионерите несреќно загубија два бода

Денес во Струмица последното есенско првенствено коло го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар, кои гостуваа во Струмица на екипата на Академија Пандев. Помладите пионери триумфираа убедливо, додека пионерите одиграа со нерешен резултат.

Помладите пионери со победа од 0:3, вкупно деветта го завршија есенскиот дел од сезоната во помладата пионерска супер лига. Уште во 12.минута од мечот успеавме да го отвориме резултатот кога погоди Георг Стојановски за предност од 0:1. До крајот на првиот дел погодивме уште еднаш во мрежата на струмичани, и тоа повторно преку голгетерот Георг Стојановски за зголемување на 0:2. Овој резултат беше актуелен на полувреме. Црвено-црните денес одиграа одличен меч и на крајот заслужено победија. Сите дилеми за конечниот победник ги разрешивме во 57 минута кога со својот прв гол Андреј Стојчевски зголеми на 0:3, што на крајот се покажа и како конечен на овој дуел

Вардар: Стојковски, Трпезановски, Ѓорѓиевски, Стојчевски, Ѓорѓоски, Сељанац, Алими, Давидовски, Г.Стојановски, В.Стојановски, Живков.

Пионерите несреќно загубија два бода, откако одиграа со нерешен резултат (1:1). По првото полувреме резултатот беше оној почетниот. Вардар во вториот дел успеа прв да го отвори резултатот и со голот на Мартин Радуловиќ-Величковиќ во 63 минута да поведе со 0:1. Во нашиот состав имавме и исклучен играч, а главниот судија на овој натпревар продолжи дури седум минути, а екипата на Академија Пандев во овие дополнителни минути успеаа да постигнат гол и да ги постават конечните 1:1. Вардар пропушти можност со триумф да му побегне на противникот на плус пет бодови, вака останува разликата од два бода во корист на Вардар.

Вардар: Китановски, Петејчук, Асани, Гугуљанов, Радуловиќ-Величковиќ, Крстевски, Салиу, Омерагиќ, Туша, Речица, Андоновски.

Двете екипи на Вардар се промовираа во есенски шампиони на Македонија.

48238138_2167947696583629_7063840335574597632_n