Денес во “Јане Сандански“ се одигра дербито во младинската лига, Металург во истото водеше константно над Вардар се до “бумот“ на црвено-црните во вториот дел. Хероините од изгубен дуел со 4 негатива тргнаа во невиден пресврт и поведоа со пет гола пред крајот. Победата дојде со резултат 26-22.
Отворивме од пенал на почетокот преку за 1-0, потоа следеше пад во нашата игра која го искористи ривалот и влезе во серија. Со серија 0-5 сино-белите девојки успеаа да поведат со 1-5 во 5.минута од дуелот. Успеавме да се вратиме во игра со голот на Ана Марија Божиновска и покрај тоа што бевме без исклучен играч во поле намаливме на 3-6 во 10.минута. На средината од првиот дел резултатот беше 5-8, кај нас “мотор“ до тој момент беше Божиновска која од среден бек не одржуваше во ритам. Со негатива од шест гола, 7-13 влеговме во последните 10.минути. Со серија 3-1 ја ублаживме негативата, па на нецели три минути до крај намаливме на 10-14 на оваа младинска средба. По 30.минути на семафорот беше 11-15, имавме само удар од 12.метра Седлоска покрај “живиот ѕид” успеа да погоди во стативата и атрактивно намали на 12-15.
Вториот дел почна со гол за ривалот од пенал, кој поведе со 12-16. Ние вративме преку пикер, Џатевска Ивана имаше гол-шоу. Таа непогрешливо погоди трипати по ред од исто толку обиди за 15-16 во 36.минута. Противникот беше принуден порадни минималното водство да побара минута одмор. Конечно дојде и изедначувањето, одличната игра во одбрана, каде Трајкоска врза и неколку одбрани и умната во напад донесоа реми 17-17 во 41.минута кога од пенал погоди Трпевска Ивона. Девојките се надминаа себе дотогаш, покажаа дека и покрај негативата од четири гола на почетокот тие имаат карактер и се вратија.
Девојките на Вардар преминаа и во водство, како награда за пожртвуваноста, Грозданоска Ангела погоди за 19-18 во 47.минута, а потоа Трпевска зголеми на 20-18. Нашето најголемо водство кога целата сала се “дигна“ дојде во 24.минута од овој период кога поведовме со 22-19. На нашиот гол во вториот дел фантастична партија имаше “Јоци“ која влезе во ритам. Се беше готово со Металург на 3.мин до крај кога поведовме со 25-20. Победата дојде до 26-22.
Голманот Јована Трајкоска имаше 11 одбрани, најефикасна беше Трпевска Ивона со 10, Андреа Седлоска погоди 5 пати, Ивана Џатевска постигна 4, додека Ана Марија Божиновска беше стрелец на 3 гола. Стефанија Ѓорѓиевска постигна 2 гола, додека по 1 беа дело на Бојана Диневска и Ангела Гроздановска.
Погледнете видео од радоста: