Генерацијата 2011 на ФК Вардар денес на терените на ФФМ одигра два нови натпревари во рамките на детската лига, на кои остваривме по една победа и пораз.
Вардар (1) беше убедлив во дуелот со екипата на Смилковци која ја совлада со резултат 8:2. Уште по првото полувреме имавме високо водство на овој меч, кога резултатот беше 4:0. Во овој дел од натпреварот два гола постигна Борјан Костовски, додека по еден беа дело на Доротеј Христов и Калин Каракаш.
Во вториот гол постигна Калин Каракаш за зголемување на предноста 5:0. Следеше првиот гол за противникот кој успеа да намали на 5:1. Сепак црвено-црните постигнаа нови три голови во противничката мрежа. Доротеј Христов беше играчот кој постигна гол за 6:1, додека Борјан Костовски со својот хет-трик зголеми и на 7:1. Хет-трик успева да постигне и Доротеј Христов, со неговиот гол веќе имавме убедливи 8:1. До крајот на мечот, екипата на Смилковци постигна уште еден гол и ги постави конечните 8:2 на овој натпревар од детската лига.
Екипата на Вардар (2) имаше лош ден и загуби од екипата на Скупи со резултат 1:6. По првото полувреме, противникот имаше водство од 0:4. Во вториот дел паднаа три гола, два во нашата мрежа и еден во противничката, стрелец на единствениот гол за Вардар беше Кристијан Марковиќ.