Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дамите на РК Делчево и РК Будимир тргнаа со победи на турнирот „Еден живот, една љубов-Вардар“
Дамите на РК Делчево и РК Будимир  тргнаа со победи на турнирот „Еден живот, една љубов-Вардар“

Дамите на РК Делчево и РК Будимир тргнаа со победи на турнирот „Еден живот, една љубов-Вардар“

Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански започна 6.издание на младинскиот ракометен турнир „Еден живот, една љубов-Вардар“ организиран од ракометната Академија на црвено-црните на кои се натпреваруваат регионалните школи. Утрово се одигра и првото коло кај дамите во генерација родени 2006/2007.

x

На првата средба дамите на РК Академија Будимир (1) Вардар ја совладаа екипата на РК Драчево со пет гола предност. Првиот дел започна со погодок за избраничките на Будимир кои отворија со 1-0. Тие доминираа на теренот па успеаа да поведат со високи 5-0 на оваа средба. Во финишот Драчево прикажа подобра игра и намали на 5-2, со два врзани гола со тој резултат се замина на пауза.

x2

Вториот дел започна со по еден погодок во двете мрежи за почетни 6-3. Овој период беше поборбен и со помал број на голови. Девојките на Будимир го исконтролираа мечот, ја обезбедија победата со мирна игра тие триумфираа со резултат 8-3.

x3

Во вториот дуел екипата на РК Академија Будимир (2) Вардар беше совладана од тимот на РК Делчево со резултат 20-4. Првиот дел започна доминација на младите делчевки кои поведоа со 6-0. До крајот скопјанки успеаа да воспостават рамнотежа, на два примени гола одговорија со иста мерка за на одмор да се замине со резултат 8-2 за девојките на Горан Велков.

Вториот дел наликуваше доста на првиот период, тимот од Делчево доминираше и поведе со високи 2-18 на 2-3 минути до крајот. Девојките од Скопје повторно на крајот воспоставија рамнотежа, одговарајќи со два гола на двата постигнати на ривалот за конечни 4-20 за девојките од источниот дел на земјава.

x4