Генерацијата 2005 на ФК Вардар успеаа да се пласира во следната елиминациска рунда од Купот на Македонија. Денес на теренот на Академијата нашите млади надежи во рамките на 1/8 финалето ја победија екипата на Фортуна 2009. Со оглед дека патникот во следната рунда се решава по само еден добие натпревар, вардарци се тие кои продолжуваат понатаму
Избраниците на Зоран Петковски немаа проблеми на овој меч и славеа полесно од очекувањата, убедливо со резултат 9:0. Голеадата на овој меч ја отвори нашиот напаѓач, Никола Величковски кој во 20 минута успеа да го отвори резултатот на 1:0. После десет минути падна и вториот гол во противничката мрежа, дело на Кристијан Антевски за водство од 2:0. До крајот на првиот дел успеваме да постигнеме уште два гола во мрежата на Фортуна, истите беа дело на капитенот Никола Величковски, за кои ова беше хет-трик, па на полувреме заминавме со водство од 4:0.
По само 4 минути игра во второто полувреме, Вардар успеа да го зголеми резултатот со првиот гол на Филип Јовановски за 5:0. Доминиравме на овој меч, во кој покрај постигнатите голови имаште неколку добри шанси.Во 47 минута од дуелот со четвртиот гол на Никола Величковски имавме веќе и предност од 6:0. До крајот на натпреварот постигнавме уште три гола, а истите беа дело на Тино Спасиќ, Филип Јовановски и Стефан Ристовски, за конечни 9:0 на овој натпревар од купот.
Вардар: Илиевски, Николовски, Јакимовски, Таневски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски (c), Цветков, Антевски, Серафимов.
Во игра влегоа уште Филевски, Ристовски, Уневски и Стефановски/