Во СЦ „Јане Сандански“ денес се играат мечеви од турнирот „Еден живот, една љубов-Вардар“ организиран од ракометната Академија на црвено-црните на кои се натпреваруваат регионалните школи. Утрово се одигра првата половина од предвидените шест меча за денс кај момците во генерација родени 2006/2007.
Во втората средба од овој турнир, или прва кај момците се сретнаа тимовите на РК Будимир од Скопје и РК Бисинов Вардар од Велес. Во еден ефикасен натпревар победата ја однесоа момците од велешкиот тим. Првиот дел донесе неколку резултатски симетрии, беше 1-1, 2-2, 3-3 и на крајот 4-4. Велешани беа повешти во финишот и поведоа со 7-5 пред паузата.
Вториот дел започна со гол за момите на Будимир кои успеаа да дојдат на минимална негатива, 7-6. Потоа ривалот ја презема иницијативата одигра далеку поефикасен период. Успеаа да победат со високи 8.гола предност на оваа средба. Победата ја освоија со резултат 18-10.
РК Урдаревски Вардар го совлада тимот на РК Ангели Вардар со резултат 20-17. Ангели поведоа на почетокот со 2-0 и 3-2, нивниот ривал успеа да изедначи на 5-5. Од минута во минута Урдаревски го контолираше текот на дуелот, постепено зголемуваше па на пауза замина со три гола предност, односно со резултат 8-11.
Урдаревски по првиот напад поведе, со гол во мрежата на противникот отиде на плус четири, 8-12. Следеше мини серија 3-1 со која ангели ја преполовија предноста на 11-13. Момците на Урдаревски не дозволија да им избега победата одлично одиграа и победија со резултат 17-20.
Потоа, РК Бисинов од Велес го совлада тимот од Тетово, РК Балтепе со резултат 21-4. Велешани отворија со 3-0, потоа тимот од Тетово намали со гол. Бисинов беше подобар противник и успеа да отиде на одмор со високи 10-2. Тие ја имаа контролата на средбата уште по првата судиска свирка.
Во вториот дел велешките момци започнаа со серија 5-0, по која водеа со 15-2. Се до крајот беше рутина тие дојдоа до победа со резултат 21-4 на ова средба со која се комплетираше првото коло од овој турнир во машка конкуренција.