Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Кралевски, Вардар ген.2009 како тајфун на турнирот во Бугарија со три убедливи победи

Момците на Кралевски, Вардар ген.2009 како тајфун на турнирот во Бугарија со три убедливи победи

71779614_2290631787914047_3975871021411467264_n

ФК Вардар генер.2009 предводена од Игор Кралевски е на силен меѓународен турнир во Бугарија. Денес момците на Кралевски на турниот кој се игра во градот Дупница одиграа три дуели. Одлична игра прикажаа црвено-црните момци и победија на сите три меча. Радува тоа што сите победи се со убедлив резултат.

Во првиот меч го совладавме тимот на Мерек со високи 4-1. На оваа средба доминиравме во целост, ние диктиравме темпо. За нас погодија три момци: Дарин Михајловски (2), Андреј Кралевски и Васко Папаливски.

Потоа следеше меч со идентичен резултат ја совладавме екипата на ФК  Хлапетата. Овде за нас погодија двајца момци, Матеј Николов погоди три пати, а Папаливски и на овој меч “испорача“ еден гол.

Следеше и трет дуел, имаше замор, но одлично изротира нашиот тренер и победивме уште еднаш. Во оваа средба на мегдан искочивме со тимот на Мерек-2, победата беше најубедлива на овој дуел. До треттата победа и 100% ефект дојдовме со високи 5-1. За нас стрелаа, двапати Андеј Кралевски, по еднаш погодија: Марко Петровски, Васко Папаливски и Јаков Стојковски.