Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лавиците оставаат пустош зад себе, пионерките во дербито го совладаа Куманово со 15 плус во гости
Лавиците оставаат пустош зад себе, пионерките  во дербито го совладаа Куманово со 15 плус во гости

Лавиците оставаат пустош зад себе, пионерките во дербито го совладаа Куманово со 15 плус во гости

Во рамките на 3.коло, пионерките на ЖРК Вардар гостуваа во Куманово кај истоимената екипа. Ние успеавме да забележиме нова победа, повторно убедлива. Вардарки се зацврстија на врвот на табелата со  триумфот од 12-27 на оваа средба. Лавиците, едноставно во пионерска конкуренција се несовладливи, тука сме во серија од 15.победи (12 изминатата сезона кога станавме шампиони и овие три).

b

Првиот дел беше доста борбен, двата тима одигаа жестоко па тоа резулираше со далеку помалку погодоци од вообичајно. Ние отворивме со 0-2, потоа домаќинот со гол ја преполови нашата предност. Нашата одбрана беше на ново, нашиот голман Вероника Ѓорѓиевска беше одлична, тоа беше наградено во напад со серија 0-6 по по која поведовме со 1-8. Кумановчанки имаа свои минути во финишот кога намалија со серија 3-1 на 4-9, резултат со кој се замина на одмор.

b4

Вториот дел беше исполнет со многу погодоци, секако ние бевме тимот кој доминираше во овој дел. Домаќинот го продолжи трендот на намалаување на нашето водсто, тие намалија на 6-10 на почетокот. Ние од седум гола дојдовме само на четири позитива, тука се покажа нашата сила. Влеговме во пеколна серија 3-13 по која додадовме десет гола на предноста поведувајќи со високи,  9-23. Се до крајот беше формалност,  лесно го привршивме мечот, ние триумфиравме со резултат 12-27.

Коцева Бојана погоди за нас 5 пати со што беше прв стрелец на оваа средба, по три гола имаа Трајановска Јована и Равојска Јана. Дузина девојки имаа по два гола, повторно Платон одлично ротираше и победи со тимска игра.