Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ година во денешното коло на детската лига забележаа една победа и еден пораз. Противници на двете екипи беа екипите на Башкими и Смиљковци.
Вардар (1) дефинитивно денес имаше лош ден, откако беше поразен во дуелот со екипата на Башкими. Може слободно да се каже дека денес среќата им го сврте грбот, иако мора да се потенцира и дека не блескаа на теренот. Конечниот резултат на овој меч гласеше 1:3, од кои два погодоци на Башкими беа случајни со удари од речиси половина терен, топки кои тешко се бранат за голмани кои се на овие возрасни генерации, со оглед дека се играше на големи голови. Првиот удар кон нашиот гол го имаше противникот, сигурен беше голманот Марко Бреслиев. Во анредниот период Вардар беше подобра екипа на теренот, акциите најчесто се одвиваа преку капитенот Филип Јовановски. Во прилика за гол се најде и Дарко Сековски, додека најголемата шанса за отварање на резултатот ја имаше Давор Лефковски кој ја погоди пречката од противничкиот гол. Нова прилика и за Филип Јовановски кој бие силно но голманот на Башкими денес беше одличен. За две минути Башкими успева да постигне речиси два идентични голови со удари од голема далечина и прецизно во горниот агол на нашиот гол и да поведе со 0:2. Вардар брзо врати на спротивната страна постигнувајќи гол преку Давор Лефковски за намалување на 1:2. Кога успеавме да се вратиме резултатска рамнотежа, судијата досуди пенал за Башкими, откако Вардар веќе направи три корнери. Успешно го претворија овој удар од белата точка за водство од 1:3. Овој резултат на крај се покажа и како конечен.
Во второто полувреме не успеавме да реализираме пенал преку Филип Јовановски и успеавме да ја погодиме стативата од голот на Башкими. Имаше уште неколку удари кон голот на Башкими, но кажавме денес среќата не ни беше наклонета. Ова е трет пораз во лигата за Вардар (1) и тоа сите во пролетниот дел, откако во есенскиот дел од сезоната оваа екипа имаше максимален број на освоени бодови.
Вардар (2) некако успеа да го поправи впечатокот на генерација “2005“, иако потешко од очекувањата со комплетен резултатски пресврт во вториот дел го победивме тимот на Смиљковци со резултат 3:2. Првата прилика ја имаа Вардарци, преку Горјан Цветков кој беше најдобар поединец на овој меч во составот на тренерот Зоран Петковски. Смиљковци успева да поведе со 0:1, при една акција од десната страна, нивниот играч се ослободува од Вардаровиот играч и пласира ниско по земја во нашата мрежа. Набрзо резултатот беше и 0:2, со кој се замина на одмор.
Советите на тренерот Петковски вродија со плод во второто полувреме. За само 15 минути Вардарци успеаа да постигнат три гола за конечен треиумф. Филип Крстиќ најпрво успева да намали на 1:2. Црвено-црните се повеќе притискаа кон голот на Смиљковци, кој речиси во последните десет минути и да не ја поминаа својата половина. Цветков со голема шанса за израмнување, сепак резултатот остана непроменет. Конечно погодуваме за 2:2, ремек дело и погодок на Исак Петковски. Во наредните две минути во шанса за гол се најде и Андреј Петровски. Јунакот на овој меч за Вардар Горјан Цветков успева да погоди за 3:2, откако првиот удар го одбрани противничкиот голман, но во втор обид Цветков беше сигурен. Наскоро судијата отсвири крај на овој натпревар.