Денес на теренот на Локомотива, Вардарци во комбиниран состав од кадети и младинци успеаа да ја победат екипата на Локомотива, со резултат 4:2. Во првото полувреме настапивме со младински состав, додека во вториот дел играа кадетите.
Ова беше последната подготовка за кадетскиот и младинскиот состав, пред стартот на пролетниот дел од сезоната кој е закажан за претстојниов викенд. Домашната екипа прва успеа да го отвори резултатот (1:0), откако погоди со удар од белата точка. Сепак Вардар успеа да направи целосен резултатски пресврт, најпрво со голот на Јовица Радевски од корнер и тоа со глава да го израмни резултатот на 1:1, додека прво водство на Вардар донесе Александар Ѓорѓиески, кој погоди на асистенција од Божиноски, за резултат 1:2. До крајот на првиот дел, екипата на Локомотива постигна втор гол и успеа да израмни на 2:2.
Во второто полувреме на терен влегоа кадетите, кои успеаа да постигнат два гола и на крајот да триумфираме со резултат 2:4. Стрелци на головите беа Дамјан Бојковски и Леонид Игнатов.
Вардар: Андов, Радевски, Петковски, Стојчески, Тасев, Ѓорѓиески, Пешевски, Ѓурковски, Божиноски, Јусуф, Младеновски.
Во сабота, кадетите и младинците на Вардар ќе го одиграат првото пролетно коло, на гостувањето против екипата на Шкупи.