Вардар успеа да издвојува победа во рамките на 15.коло од СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански по голема борба беше совладан тимот на ППД Загреб.
Вардар првиот гол го постигна во 4.минута преку Кисељев, додека на вториот гол чекаше дури 11.минути кога со голот на Дисингер го намаливме резултатот на 2:5. Одлични на двата гола беа Гедбан кај Вардар и Ристановиќ кај Загреб кои имаа по четири одбрани. Црвено-црните се уште не можеа да ја пронајдат вистинската “формула“ во нападот, што беше знак за тренерот Парондо да повика минута одмор. После тајмаутот следеше подобра игра на нашиот шампион, кој започна да го покажува своето вистинско лице. Направивме серија од 3:0, од кои два гола беа на Дисингер, додека еден на Дибиров, за во 18 минута да го видиме и првото израмнување на овој дерби дуел од СЕХА-лигата (7:7). Гедбан покажува дека се наоѓа во одлична форма и на овој дуел ги покажува своите квалитети, успева да одбрани неколку зицери, па и удар од седум метри на Хорват. Во последните десет минути од првиот дел се играше гол за гол на двете страни, а Вардар првото водство го имаше во 22.минута кога погоди Дисингер за 10:9. До крајот на првиот дел го задржавме минималното водство, па на пауза заминавме со резултат 13:12. Дисингер беше наш најдобар стрелец со 4 голови, додека Гедбан собра дури 9 одбрани.
Првиот гол и во вториот дел за Вардар беше дело на Кисељев, за прв пат позитива од два гола (14:12), додека на голот застана Милосављев и веднаш со блесок на српскиот голман, кој ги спречи првите два напади на противникот. Сепак Загреб сврза два гола и во 34 минута го израмни резултатот на 14:14. Гледавме навистина интересен натпревар, на кој и двете екипи силно ја посакуваа победата. Вардар беше тимот кој повторно успеа да се одлепи на два гола, откако во контра-напад погоди Дибиров за предност од 17:15. После нова пресечена топка на Дибиров, кој додаде до Карачиќ, хрватот не успева да погоди зицер, а Загреб враќа во следниот напад и преку Буриќ повторно го израмнува резултатот. До двоцифрен број на одбранети удари стигна и Ристановиќ, благодарение на кој неговиот тим го врати водството (17:18) во 40 минута од натпреварот. Чупиќ по втор пат на овој меч не успеа да реализира пенал, овој пат му брани Кастелиќ, а противникот гоа го користи и поведува со два гола разлика. Вардар не се откажува од победата на овој дуел, па со петтиот гол на Дисингер израмнуваме на 20:20 во 48 минута. Ајде, ајде вардаре се слушаше во салата, црвено-црните беа во налет и со два гола по ред на Кристопанс поведуваме со 25:23 на шест минути до крајот. На две минути пред крајот, Сршен постигна гол и го израмни резултатот, но врати Карачиќ за ново водство и исклучување за еден од противничките играчи. Карачиќ го реши мечот постигна гол за 28:26 на 30 секунди пред крајот, па немаше многу време за противникот. Победа, вкупно 13-сета во СЕХА за нашиот шампион, кој слави со резултат 28:26.
Најефиксен кај нас беше Дисингер со 7 голови, додека по 4 имаа Кристопанс, Карачиќ и Кисељев. На голот Гедбан имаше 10 одбрани, додека Милосављев 3.