Во женската младинска лига се оконча и 14.коло по кое две екипи се издвоија на врвот на табелата, нашиот Вардар и ривалот од Автокоманда, екипата на ЖРК Металург. Тие два тима се на првите места на табелата по одиграните пет пролетни кола во единствената женска младинска лига во земјава.
Дербито на колото се играше во Автокоманда, каде Металург го нагости треттиот аспирант за врвот екипата на ЖРК Куманово. Во еден цврст дуел сино-белите успеаа да победат со три гола предност, 32-29 и да ги намалат шансите на кумановчанки за првата позиција. Вардар гостуваше во Гевгелија кај истоимениот женски тим од тој град, победата беше рано најавена уште во првиот дел. Мечот започна со резултатска симетрија, 4-4 по што следеше пеколна серија 0-10 со која се одлепивме на недостижни 4-14. Се до крајот беше рутина ние дојдовме до победа со резултат 19-36.
Резултати од 14.коло женска младинска лига:
- ЖРК Металург -ЖРК Куманово 32:29
- ЖРК Лихнид 2012 -ЖРК Чаир 20:11
- ЖРК Гевгелија - ЖРК ВАРДАР 19:36
- ЖРК Шампион – ЖРК Стружанка 29:21
- ЖРК Кузман Вардар Илинден – слободен
Металург е на врвот на табелата пред вардарки со два бода, но тоа не е условено од наш неуспех оваа пролет каде имаме пет убедливи победи, туку фактот што едно коло бевме слободни. Сино-белите сеуште немаат “одмарано“ поради непарниот број на екипи оваа пролет по одкажувањето на ЖКК Кичево-10 од лигата ова зимо. Во однос на кумановчанки сега сме на шест плус со еднаков број дуели.
ТАБЕЛА ПО 14 КОЛА:
1. Металург (13 меча)-36 бода
2. ВАРДАР (12меча)- 34 бода
3.Куманово (12меча)- 28 бода
4. Стружанка (13меча)- 22 бода
5. Шампион (13.меча)- 15 бода
6. Лихнид (12.меча)- 12 бода
7. Чаир (12.меча)- 12 бода
8. Кузман (12.меча)- 6 бода
9. Гевгелија (13.меча)- нула