Избраниците на Кралевски младите надежи од ФК Вардар генерација “2006“ година во текот на вчерашниот ден одиграа тест-натпревар со екипата на Мал Ајакс која доаѓа од Штип и е една од регионалните школи на црвено-црните која се натпреварува во Вардар Јуниор лигата. Мечот се играше на Академијата на ФК Вардар во Скопје и заврши со убедлив триумф за Вардар. Се играа две полувремиња по 30 минути, конечниот резултат гласеше високи 16:0 во корист на црвено-црните, поопширен извештај тука, а фотографии од дуелот ви носиме во продолжение.