Фк Вардар ја забележа втората победа на контролните натпревари во Анталија. Совладана беше екипата на Либерец и тоа со пресврт, откако на полувреме резултатот беше 1:0 во корист на Либерец. Во вториот дел успеавме да направиме комплетен пресврт и да го завршиме овој дуел со триумф од 2:1. Стрелци на головите беа Стефан Спировски и Влатко Грозданоски. Овој меч го започнавме со следниве 11-сетмина: Пачовски, Хамбарџумјан, Гранчаров, Мијушковиќ, Љамчевски, Глигоров, Фелипе, Асани, Блажевски, Ќеран, Ивановски.
Екипата на Либерец го започна натпреварот во едно силно темпо на игра, на кое црвено-црните одговорија со исти стил. Противникот се обидуваше уште во почетните минути да го загрози нашиот гол, но нашите дефанзивци ги отстрануваа сите опасности. Во 8 минута од натпреварот ја проследивме најголемата прилика за гол на Либерец, акција од левата страна и упатен центар шут, топката стигна до еден од нивните напаѓачи кој ја зафати, сепак Пачовски интервенира со крајни напори и исфрла во корнер. Во 10 минута, Чешкиот преставник се обиде да го изненади нашиот голман со директен удар од корнер. Продолжија нападите за Либерец, веќе во следната минута повторно удар од некаде 15 метри, но само покрај нашиот гол. Во наредниот период Вардарци се обидуваа да наметнат свој стил на игра со кратки подавања и уфрлања на длабоки топки до најистурените напаѓачи. Веќе во 16 минута Либерец успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0. Нафрлена топка од левата страна, невнимание во нашата одбрана за негатива од 1:0. Во 23 минута следиме прва посериозна акција на црвено-црните дело на Ќеран и Асани кој го има завршниот удар, но само по средината на голот, Во 30 минута Либерец се обиде со удар од некаде половина терен да го изненади Пачовски, но за наша среќа ударот не заврши во голот. Противникот продолжи да го напаѓа нашиот гол, во 34 минута при прекин од слободен удар беше нафрлена топка во нашиот простор, еден од играчите на Либерец ја допре која заврши надвор од рамките на голот. На пет минути пред крајот шанса за Хамбарџумјан, кој се снајде најдобро во една мешаница биеше, но само покрај голот на Либерец. Првото полувреме заврши со резултат 1:0.
На стартот на вториот дел шефот на стручниот штаб Седлоски реши да направи неколку измени. Во првите 20 минути се играше на средината на теренот, Либерец ја контролираше играта и се обидуваше да го зголеми резултатот. Во 72 минута прилика за Либерец да го зголеми водството, сепак тоа не се случи и резултатот остана непроменет. Пет минути подоцна повторно удар кон нашиот гол, но повторно без успешна реализација. Добрата игра во наредниот период на Вардар резултира со прекрасен погодок на Стефан Спировски од некаде 25 метри за израмнување на резултатот 1:1. Голманот на Либерец немаше шанси да го одбрани овој силен удар и само со поглед ја испрати топката во горниот десен агол. Каков пресврт во мечот за нашиот шампион, кој успеаа да поведе со резултат 1:2. Одлична акција на Грозданоски кој успеаа да се ослободи од неколку противнички играчи и да ја пласира топката во голот на Либерец за предност. За само пет минути успеавме комплетно да го свртиме резултатот во наша корист и да го завршиме натпреварот со победа.