Денеска требаше Нимани да го одигра последниот контролен меч во редовите на ФК Вардар, но не се случи ниту тоа денеска, по што е јасно дека Нимани ќе си замине од Вардар. Нимани во редовите на Вардар дојде директно во Анталија, одигра два натпревари, постигна и еден убав погодок, но според гласините во медиумите, Нимани располага со очајна физичка подготвеност, што никако неможе да биде калибар за еден Вардар.
Несомнено, на управата на Вардар и овој преоден рок не и оди околу донесувањето на адекватен играч, кој ќе ги тресе мрежите во ПМФЛ. И со Нимани ја промашивме работата, но остануваат уште помалку од 10-тина дена до последниот ден за пријавување на нови играчи. До тогаш Вардар мора, и може да најде нов голгетер. Со еден класичен шпиц играч, Филип Ивановски не се освојува титула. (Тука е и Ќеран, но србинот одлично се снаоѓа како полушпиц во редовите на Вардар)