Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар победува и без Попов, Дашјан, Глишиќ, Велковски, Стојков и Петковски
Вардар победува и без Попов, Дашјан, Глишиќ, Велковски, Стојков и Петковски

Вардар победува и без Попов, Дашјан, Глишиќ, Велковски, Стојков и Петковски

Вардарци денеска беа драстично ослабени со неиграње на неколку првотимци во тимот. Но ни тоа не ги спречи црвено – црните шампиони да дојдат до нова, втора победа, во третиот пријателски натпревар во Анталија, и тоа против освојувачот на Куп трофејот во Чешка, тимот на Слован Либерец.

Горан Попов денеска не доби шанса, односно одмараше, истото се случи и со Стојков и Петар Петковски, кој на минатата средба со Вил играа 45 минути. Глишиќ и Велковски сеуште само тренираат, но се очекува во брзо време и тие да му се стават на располагање на Седлоски, додека пак Дашјан како што е добро познато, поради повреда замина од Анталија, и веќе е во Скопје, каде што ја залечува повредата.