Познати се групите и противниците со кои ќе се натпреваруваат Вардаровите генерации на турнирот во Сандански (Бугарија). Како што веќе најавивме во периодот од 17-21-ри вефруари ќе се одигра фудбалски меѓународен турнир за генерации родени 2004, 2005 и 2006 година, на кој ќе учествуваат и нашите млади надежи. Веќе се одредени и групите за овие категории. На овој турнир ќе настапат и други екипи од Македонија, како Охрид, Академија Пандев и Брегалница од Штип.
Фк Вардар генерација “2004“ ќе се натпреварува во групата 1, заедно со екипите на ЦСКА Софија, Престиж Кариана, Фк Охрид и Фк Орлетата. Во оваа генерација има две групи, составени од вкупно 5 екипи.
Фк Вардар генерација “2005′ ќе биде во групата 2, со екипите на ЦСКА Софија, Фк Метал 2002, Фк Векта, ОФК Вихрен Сандански и Фк Царско Село (Софија). Тука екипите ќе бидат поделени во две групи, од по шест екипи.