Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар јуниор и Металург одиграа пријателски меч
Жрк Вардар јуниор и Металург одиграа пријателски меч

Жрк Вардар јуниор и Металург одиграа пријателски меч

Младите вардарки од екипата на Жрк Вардар јуниор и ЖРК Металург одиграа меѓусебна  тест-средба во С.Ц. “Јане Сандански“. Истиот дуел заврши со победа за  гостинките од скопската населба Автокоманда, тие ја однесоа победата со резулат 20:24.

Избраничките на Симе Симовски  одиграа сосема  добар прв дел,  во  кој го завршија со водство од 14:12. Сепак Металург  во второто полувреме уште на самиот почеток успеаа да ја стопи оваа минимална предност,   по што следеше период во кој  долго време се играше изедначено. Некаде на средината  од вториот дел резулатот на семафорот беше 16:16  Сепак во последните 15 минути  гостинките направија разлика која Вардар јуниор не успеа да ја стигне. Кај лидерот на табелата во Супер лигата Вардар јуниор денес беше евидентно  отсуството на четири важни ракометарки, поради повреди. Овој меч  беше дел од подготовките за 1/4-финалниот двомеч со Карпати во рамки на Челинџ купот, закажан за 22 февруари во Скопје и 28 во Ужгород. Денес во нашиот табор најефикасна беше Наташа Нолевска со 7 гола, Симона Стојановска стрелаше 5 пати, а Маја Трпковска постигна 4 погодока. Во македонската единствена женска ракометна лига во која престојат уште три кола пред плеј-офот во моментов, Вардар јуниор го зазема лидерското место пред Металург кој се второпласирани.