До победа на пријателски натпревар стигна генерацијата 2007 на фудбалскиот клуб Вардар. Денес на Академијата, противник ни беше екипата на Шкупи од Чаир. Натпреварот заврши со резултат 2:0.
По еден гол во двете полувремиња постигна Вардар за конечна победа од 2:0. Стрелци на головите беа Адмир Љатифи и Фуат Керими. Честитки до нашиот тим за залагањето на теренот и за фер и коректната игра од двете страни.
Погледнете неколку фотографии од денешниот натпревар кај генерацијата 2007, додека галеријата ќе биде поставена во наредните денови на нашиот веб сајт.