Новиот голман на Вардар, Али Сафар во моментов настапуваат на Азискиот клупски шампионат во Саудиска Арабија, каде го носи својот тим Ал Кувајт кон титулата.
Али Сафар беше одличен на натпреварот кој заврши предмалку, на кој тимот на Ал Кувајт го победи Ал Араби во полуфиналето и се избори за големо финале. Токму новиот чувар на мрежата на Вардар имаше шоу помеѓу стативите и со 15 успешни одбрани заврши со признанието, играч на натпреварот.
Сафар на овој шампионат прикажува добри партии и со тоа најавува дека ќе биде добро засилување за ,,црвено – црните” од Скопје.
Финалето се игра в недела, а тимот на Сафар го чека подобриот од дуелот Ал Духаил – Ал Наџма.