Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јехона лесна мета за „лавици“, Андовска повторно прв стрелец

Јехона лесна мета за „лавици“, Андовска повторно прв стрелец

4444444444

Денес кадетките на Вардар во 1.коло од квалификацискиот турнир за кадетскиот Ф-4 обезбедија висока победа. Избраничките на Платон Анжела и Марија Папуџиева триуфираа со 39-5 над екипата од Гостивар, тимот на РК Јехона.

Натпреварот започна со убедлива разлика за нас, ние отворивме со почетни 0-7 по што се беше јасно како ќе фунционира на оваа средба. На одмор заминавме со 16.гола повеќе од тимот на Јехона. Вториот дел не донесе големо поместување во текот на натпреварот и на резултатски план, остана истата слика. Победата дојде со убедливи 39-05 на оваа средба.

.
Кај нас сите девојки кои беа во составот погодија освен голманките. Денес своето деби на официјален дуел го имаше Тамара Ѓорѓиева, истото и го честитаме. Таа имаше добар настап како и Вероника Ѓорѓиевска. Како и на последниот дуел и сега повторно со 7.гола прв стрелец беше Зорица Андовска, Теодора Ангелова погодија по 6.пати, а Нина Попова и Коцева Бојана погодија по четири пати.