Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерацијата 2008 на Влатко Колев подобра од Фудбал Кидс, на пријателски натпревар одигран во Хиподром
Генерацијата 2008 на Влатко Колев подобра од Фудбал Кидс, на пријателски натпревар одигран во Хиподром

Генерацијата 2008 на Влатко Колев подобра од Фудбал Кидс, на пријателски натпревар одигран во Хиподром

Утрово на теренот во населбата Хиподром, контролен натпревар одигра генерацијата 2008 на ФК Вардар која за противник го имаше тимот на Фудбал Кидс од Драчево. Избраниците на Влатко Колев беа подобри на теренот и стигнаа до убедлива победа со резултат 5:0.

1 2

Имавме повеќе од играта на овој натпревар и на крајот заслужено победивме на пријателскиот натпревар со Фудбал Кидс. Резултатот за 1:0 го отворивме после удар од белата точка, откако најпрво голманот на противникот го одбрани ударот од белата точка, но на одбиената топка стигна Омер Идризи кој ни донесе предност од 1:0. Во првиот дел постигнавме уште еден гол кој беше дело на Петар Блажевски кој погоди од десната страна за водство од 2:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.

3 4 5 6

Бевме расположени за игра и во вториот дел од натпреварот, период во кој постигнавме уште три нови голови во мрежата на Фудбал Кидс. Следеа два нови голови на Петар Блажевски за кој ова беше денес хет-трик, со кој зголемивме на 4:0, додека конечните 5:0 на натпреварот ги постави Филип Цветковски.

12 7 8 9 10 11

Одличен натпревар за нашите млади надежи, честитки и до противникот за фер и коректната игра.