Вардар ген.2009 со победа ја заврши Регионалната Скопска Лига.
Како домаќин Вардар ја пречека Форца во дуелот за помали петлиња во последното коло од регионалната лига. Остваривме победа со резултат 3-1 ( 2-0 ).
Вардар: Грчевски Лука , Величковски Даријан, Дошев Максим, Котески-Митровски Павел, Ристевски Матеј, Бошковски Коста , Колевски Давид, Павловски Давор , Ангеловски Вилијам (К), Галевски Лука и Јовиќ Андреј.
Тргнавме офанзивно на почетокот, тоа донесе предност од 1-0 за нас погоди Ристевски Матеј кој погоди атрактивно по асистенцијата на Вилијам Ангеловски. Треба да напоменеме дека Ристевски и пред голот имаше две прилики. Стрелецот на голот беше асистент во продолжение до Павел Котески-Митровски кој со глава ја удвои предност и погоди за 2-0.
Вториот дел започна со одлична игра на црвено-црните кои атакуваат на нов погодок. Топката дојде до Ристевски Матеј, кој стрелаше за 3-0. Имавме и по погодокот прилики една пропушти Вилијам Ангеловски, Грчевски Лука кој играше во нападот во овој период исто така имаше шанса за погодок. Противникот искористи едно наше невнимание и намали на 3-1 резултат кој подоцна се покажа како конечен на овој последен дуел од регионалната лига
Играа и Марко Баснарков и Михаил Божиновски.