ФК Вардар ген.2008 со победа во последното коло.
Петлињата на Вардар, генерацијата 2008 ја пречека екипата на Форца во последната рунда од Регионалната Скопска Лига. На дуелот во Кадино, црвено-црните остварија победа со резултат 3-1 (2-0).
Вардар: Грбевски Павел, Јевтоски Христијан, Стамчевски Леонид, Ташовски Иван (К), Митаноски Илија, Бојовиќ Заев Душан, Блажевски Петар, Буцевски Дамјан, Јовановски Никола, Блажев Дамјан и Кадрији Ендрит.
Момците на Колев имаа повеќе од играта во поле на почетокот, сепак прва шанса имаше ривалот кој се закани со удар од дистанца, на голот одбрани Грбевски Павел. Потоа ние имавме целосна контрола и офанзива на оваа средба, најпрвин се закани Митаноски Илија. Голот за предност од 1-0 на црвено-црните дојде преку Кадрији Ендрит. Стрелецот на голот пропушти прилика да ја удвои предноста, но тоа му успеа на Митаноски Илија кој стрелаше за 2-0, резултат со кој се замина на одмор.
Вториот дел на овој последен натпревар од скопската Регионалната лига започна лошо за нас, по само една минута игра тимот на Форца успеа да ја преполови негативата и погоди за 2-1. Ние тргнавме да ја вратиме позитивата од два гола од полувремето на овој натпревар од последното коло. Шанса прв за такво нешто имаше Митановски чиј удар не го донесе неговиот втор погодок денес. Тоа му успеа на Блажевски Петар кој стрелаше за наша предноста со резултат 3-1 кој после се покажа како конечен на оваа средба.