Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар победија на првиот контролен меч во Дојран
Кадетите на ФК Вардар победија на првиот контролен меч во Дојран

Кадетите на ФК Вардар победија на првиот контролен меч во Дојран

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар го одиграа првиот пријателски натпревар на подготовките во Дојран. Избраниците на Влатко Колев денес за противник ја имаа екипата на Брегалница од Штип. Црвено-црните беа подобри забележувајќи победа со резултат 4:2. Се играа две полувремиња по 45 минути.

Уште по првото полувреме, нашиот состав имаше убедлива предност од 3:0. Во вториот дел екипата од Штип го намали резултатот за конечни 4:2. Оливер Дишлиески постигна два гола, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Јахја Абдулхади и Дејан Стоименов. 

Во текот на утрешниот ден не очекува нов контролен натпревар против екипата на Беласица. Овој меч ќе започне во 10 часот. После завршување на истиот Вардарци се враќаат во Скопје.