Утрово на теренот во спортскиот комплекс Хиподром, младинците на ФК Вардар одиграа контролен натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П. Нашите млади надежи беа подобри и славеа триумф со резултат 4:2.
Тренерот Глигоров стартуваше со следниве 11-сетмина: Јовчев, Трпезановски, Ѓоргоски, Давков, Ѓоргиевски, Марковски, Тасевски, Хасани, Андрески, Мирков и Живков.
Во првото полувреме беа постигнати дури четири голови. Варар прв го отвори резултатот со голот на стоперот Филип Ѓоргоски кој погоди за 1:0. Следеше уште еден гол во противничката мрежа, истиот беше дело на Антонио Мирков кој зголеми на 2:0. Во следниот период, гостинската екипа успева да постигне гол во нашата мрежа и да намали на 2:1. Следеше одговор од Вардар, повторно имавме позитива од два гола, овој пат стрелец беше Абдула Хасани за 3:1, додека до крајот на првиот дел екипата на Македонија Ѓ.П намали на 3:2
Во второто полувреме видовме неколку шанси од вардаровите играчи, една ја искористивме преку нововлезениот Огнен Здравковски кој ги постави конечните 4:2 на овој пријателски младински дуел.
На овој натпревар своја мунутажа добија и Ангелов, Гроздановски, Ричков, Здравковски, Каровски, Саит и Перковски.