Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јагодина ривал на ЖРК Вардар за утрешниот дуел на меѓународниот турнир во Ѓ.Петров
Јагодина ривал на ЖРК Вардар за утрешниот дуел на меѓународниот турнир во Ѓ.Петров

Јагодина ривал на ЖРК Вардар за утрешниот дуел на меѓународниот турнир во Ѓ.Петров

Од утре започнува меѓународниот пред сезонски ракометен турнир организиран од Ѓорче Петров-ЖРК. На истиот ќе учестуваат домаќинот, нашиот женски сениорски тим, екипите на  Јагодина и Бор од Србија, селекцијата на Чиле(19г.) и прилепскиот тим, екипата на Деспина.

ЖРК Вардар утре го игра првиот дуел против екипата на РК Јагодина од Србија. Термините претрпеа минимални измени од првично закажаните, оваа средба е закажана  со почеток во 19-00 часот. Натпреварот ќе се игра на отворениот терен „Камин Кама“ во Скопје.

Во второто коло играме ден потоа (петок) против Деспина од Прилеп, на истиот терен со почеток во 21-00 часот.