Кадетскиот тим на ЖРК Вардар како што кажавме даде многу сениорки ова лето, веќе во првиот тим на црвено-црните има прекоманда на 5-6 девојки. Две девојки претходно заминаа во сениорските тимови на Металург и Аеродром, а сега и една ракометарка заминува во сениорскиот тим на Спартак.
Ива Ангеловска ја менува средината, таа од кадетската црвено-црна екипа ќе мине во редовите на тимот од Кисела Вода. Брзоногото крило ќе биде дел од сениорскиот тим на Спартак за новата натпреварувачка сезона. Редакцијата на Вардар фанс и посакува многу успех во краиерата на Ангеловска.