Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Нови три бода за помладите пионери, победа во дербито со Академија Пандев
Нови три бода за помладите пионери, победа во дербито со Академија Пандев

Нови три бода за помладите пионери, победа во дербито со Академија Пандев

Помладите пионери на ФК Вардар се вратија на победите во лигата. Утрово на теренот во населбата Хиподром, во рамките на вонредното 9.коло, црвено-црните ја победија екипата на Академија Пандев со резултат 2:0 (0:0).

Тренерот Божиноски започна со следниве 11-сетмина: Краљевски, Николов, Миовски, Јанкоски, Порчу (К), Ајетовиќ, Величковски, Нурединовски, Николовски, Лефковски и Сековски. 

1 2

Првото полувреме помина без некоја сериозна прилика за погодок, освен онаа на Академија Пандев на пет минути пред крајот на првото полувреме, кога се создаде акција од десната страна, во завршниот удар еден од нивните играчи биеше крај голот. Во првиот дел, Вардар изгледаше неповрзано на теренот, беа направени многу грешки во додавањата, немавме течна игра, па од тука и не создадовме ниту една голема шанса да го загрозиме голот на струмичани. Обиди имаа само Сековски кој од слободен удар биеше крај голот, како и на Нурединовски кој се обиде од околу 20.метри над голот. Пандев се обидуваше од контри да изненади, но и тие делуваа безопасно кон голот на Краљевски. На полувреме се замина со почетните 0:0.

3 4 5 6

На стартот од второто полувреме беа направени две измени во нашиот состав, во игра ги видовме Цониќ и Коловски. Ниту второто полувреме не изгледаше многу подобро од првото, но сепак Вардар успеа да постигне два гола во противничката мрежа. Резултатот за 1:0 го отвори Михаил Николов кој од десната страна сакајќи да центрира, топката одеше директно во голот, која го изненади голманот на А.Пандев, кој беше принуден да ја вади топката од својата мрежа. Веднаш после отварање на резултатот имавме уште една прилика, од десната страна топка нафрли Нурединовски, на неа во шеснаесетникот на струмичани стигна Коловски кој бие од прва, но одбрани голманот. Вардар беше поконкретен на теренот, имавме нова прилика преку Андреј Величковски кој бие со глава после нафрлена топка од корнер на Сековски, но чуварот на гостите го брани неговиот удар.

7 8 9

Нови измени во нашите редови, тренерот Божиноски шанса за игра им даде на Крстевски, Танчев и Анастасов. Противникот од Струмица лесно можеше да го израмни резултатот, кога после едно невнимание во нашата одбрана, еден од гостинските играчи се најде во добра позиција, но Максим Краљевски ја зафати топката и спречи израмнување, До крајот на натпреварот успеавме да го зголемиме резултатот на 2:0. Ајетовиќ од лева страна упати центар шут, најприсебен беше Матеј Анастасов, кој со глава успеа да го совлада голманот на А.Пандев. До крајот немаше промен, натпреварот заврши со резултат 2:0 за Вардар.

Ова беше седма победа за нашите помлади пионери кои остануваат лидери на табелата.