Вечерва во Загреб екипата на ППД Загреб го пречекува нашиот Вардар во рамките на десеттото коло од Лигата на шампионите. ,,Четата” на Вујовиќ нема право на грешка и на нов ,,кикс”, па така вечерва сите очекуваат победа од ,,црвено – црните” конечно, по подолга пауза во ЛШ.
Нема да биде лесно бидејќи ППД Загреб игра во добра форма во овој момент, но Вардар не смее да си дозволи нов ,,кикс” и уште повеќе да влезе во опасната зона. Добрата вест е што сите играчи кај Вардар се подготвени за игра, па токму затоа и очекуваме добра игра и победа.
Вардар оваа сезона на гостински терен има три порази и едно реми. Овие две екипи веќе на два пати ги одмерија силите во СЕХА лигата. Вардар славеше дома, а противникот во својата сала.
Натпреварот вечерва ќе започне од 20:45 часот со директен пренос на Арена Спорт 4.