Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Момците на Божиноски врзааа две победи во серија, А.Пандев без шанси во дербито на пионерската лига
Момците на Божиноски врзааа две победи во серија, А.Пандев без шанси во дербито на пионерската лига

Момците на Божиноски врзааа две победи во серија, А.Пандев без шанси во дербито на пионерската лига

Вардар го доби дербито во пионерската Супер лига. Во рамките на 9.коло, нашите млади надежи денес на Хиподром стигнаа до убедлив триумф на натпреварот против екипата на Академија Пандев.

Тренерот Божиноски стартуваше со следниве 11-сетмина: Илиевски, Трајчевски, Фидановски, Серафимов, Митревски, Кулуковски, Јакимовски, Спасиќ, Алији, Цветков (К) и Кузмановски.

1 2

По крајот на првото полувреме имавме предност од 2:0, заслужено за вардарци кои имаа повеќе од играта во овој дел од мечот. Цветков беше играчот кој го упати првиот директен удар кон голот, но одбрани гостинскиот голман. Гледавме брзо темпо на игра, се играше и борбено на двете страни. Првата посериозна шанса на натпреварот ја имаше екипата на А.Пандев, топка доби еден од противничките играчи во нашиот шеснаесетник, имаше и позиција добра, но нашиот голман, Леонид Илиевски, со брза реакција одбрани и спречи негатива. Преда да го отвориме резултатот во прилика се најде Алији, кој бие крајот голот. Најубавиот гол на натпреварот беше дело на капитенот Горјан Цветков, кој од слободен удар од некаде 25.метри откосо успева да го матира голманот на струмичани, навистина ремек дело на вардаровиот капитен за предност од 1:0.

4 5 6

Многу брзо стигнавме и до втор гол на натпреварот, откако од левата страна центрираше Јакимовски во противничкиот шеснаесетник, најпрво гостинската одбрана изби но само за момент, топката стигна до Тино Спасиќ кој бие од прва за предност од 2:0. Ова беше се што се случуваше во првите 45 минути од натпреварот, избраниците на Божиноски се стекнаа со солидна предност.

Во вториот дел од натпреварот имавме контрола на играта, едноставно не му дозволивме на противникот да направи некоја сериозна шанса кон нашиот гол. Нововлезениот Максим Бундалески имаше прв обид, биеше некаде од 18.метри но само над голот на струмичани.

3

Во првата посериозна шанса во овој дел од натпреварот успеавме да го зголемиме резултатот на 3:0. Во листата на стрелци се запиша играчот кој влезе од клупата, не помина ни минута од неговото влегување, Агрон Туша успеа да ја затресе противничката мрежа, и тоа на центар шут од Фидановски, кој го пронајде Туша кој погодува за зголемена предност. Тренерот Божиноски направи и неколку измени, со цел уште повеќе да ја освежи играта. До крајот на натпреварот обиди имаа Николовски и Цветков, но немаше промена на резултатот. Дерби натпреварот во пионерската Супер лига заврши со триумф на Вардар од 3:0.

7 8 9

Сите играчи денес добија шанса за настап, на теренот беа Ристовски, Бундалески, Јаневски, Уневски, Туша, Цикарски и Николовски.

Ова е вкупно четврта победа сезонава за вардаровите пионери, втора во серија, со која сигурно ќе се искачиме место погоре на табелата. Во рамките на последното коло ќе гостуваме кај екипата на Пелистер.